12.19.2015

Круг

Понекогаш мислам на умрените.
И ќе ми каже: ајде сега, радувај се на животот, дете, сопруг, дом, радости!
Па нели кога губиме некој утешните зборови секогаш гласат: ќе се сеќаваме на нив засекогаш!
Мислам на Тоше, Бранко Ѓорчев, на сосетката од спротива која не ја ни познавав. Ќе се сетам на баба, дедо.

И тогаш ќе се вратам во Градски парк, како не шетаат. Шеќерна волна па лулашки. Идадија и ќебапчиња.
Па ќе ги видам скалите, тој доле и вика: Опинчорке, а таа во кујна прави една манџа што никогаш не ја сакав.
Ќе замириса на нафта, па ќе почне да бучи еден глупав мотор преку кој шприцаше со воздух под притисок. Никогаш не научив како се вика.
Мајстор, автомеханичар, поправаше коли. Еден куп луѓе поминаа низ дворот. И лоши. Секакви.
Таа си мислам цел живот несреќна и незадоволна. Не знам. Животот ги натерал да бидат такви како што беа, а колку што се сеќавам, тажен и тежок им бил.
И така си отидоа.
Ама секогаш кога е време на празници ми текнува на тие што веќе не се тука.
Понекогаш мислам на умрените. Не секогаш, не секој ден, ама ќе ги оживеам во мислите. И убавите и лошите спомени.
И ќе заплачам. Затоа што така треба. Понекогаш и за тоа што ги нема и за тоа што ги имало.
Затоа што да не биле тие, немаше да ме има мене.
Сега уште повеќе мислам на нив. Да не беа тие, немаше да ме има мене, а јас немаше да ја имам Теди.
Затоа ги сакам. Што ја имам шансата да празнувам секој ден. А кога ќе дојдат празниците пак

заплачам. Од радост, од тага.




Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Елена Петковска, автор на блогот Моја мисла, мое право. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на 
Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.






No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));