5.20.2014

Велосипед вреден живот!

Пред да го прочитате текстов прашајте ги родителите што им е повредно и помило: парите кои ви ги дале да си купите точка или самите вие?


За да не останам недоречена или несфатена морав да си пишам. Ама додека да седнам испадна дека ни точакот не бил украден, а сепак еден млад живот згасна. Се размрдаа страстите, почнаа обвинувањата на верска и етничка основа, продолжи да се плука по владата, по државата, полицијата не чинела, а ако јас се прашувам кривец треба да се бара само во домот, кај родителите. И зборам строго за овој настан, без да почнеме со ширење на приказната.
 Кои се тие родители кои дозволиле детето да им се шета со нож по улица? Демек има 19 години и тие се ослободуваат од одговорноста? Не, барем не ме учела така мајка ми која се уште ме учи! Ако родителите се трудат да си го истерааат детето на прав пат и посветат доволно внимание да го едуцирааат што е добро, а што лошо, што е правилно, а што не, денес ќе немаме наслови од типот: Обид за кражба заврши со погреб на матурант!
Не барајте кривци во системот, во државата, во партијата, во полицијата. Не знам што очекувате, министрите да дојдат и да ви ги воспитаат децата или да воведеме полициски час пошто полицијата не го спречила убиството!
Ова последново ме натера да размислам зашто  навистина полицијата ја нема! Аааааа, е па никој не ја викнал!
Слободно линчувајте ме, но мили боже што тој роител барал да изиграва јавач на правдата?! Наместо: остај синко, не вреди било влагај синко, идеме по него! И ете како заврши непромислената одлука на родителот! Па тој би тебало да биде свесен на сите последици, да ги има во глава сите можни сценарија кои би можеле да се случат затоа што тоа е негова работа. Да мисли за своите кога тие тоа не го прават.
И кога ова го пишав на социјалните мрежи добив милион одговори како не знам што зборам, дека плаќаат даноци за некој да им краде точаци, дека мора да го чуваме своето, доста е да виткаме кичма пред Албанците и што ли не...
И на крај испадна дека ни точакот не бил украде! Што ли милсел тој пусти родител кога влегол во колата? Што мислел оној другиот родител кога прв пат син му го привеле? Зашто дозволивте детето да ви стане убиец и детето да ви биде убиено!
И сега немири, демонстрации, палење и кршење на туѓа имовина! Против кого демонстрирате? Убиецот е во притвор!
И што е најжално пак протестираат деца. Родители каде сте! Јас би протестирала пред вашите врати затоа што ги испуштивте децата од раце!
Вие сте криви што денес еден живот згасна!
п.с. и на крај добивам одговор од момак чиј брат ми се закани со штрафцигер за да ми го украде точакот. Нормално, не се противев бидејќи денес и за мене некој ќе напишеше дека мојот живот е колку еден точак! Нека го краде, јас сум повредна!

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));