2.18.2014

Некои одлуки се донесени без одлука!

Обично го читам законот, одредби и слични одлуки кои сакам да ги критикувам пред да напишам било што, ама еве денес решив да им верувам на Дневник со толкувањата и да се лишам од читање.
Се работи за новата одлука за комунален ред донесена од страна на Град Скопје. Скоро се што е донесено ми е прифатливо, освен делот со миленици, кој лично ме засега бидејќи онака како што е предвиден е неизводлив.

 Според напишаното и тоа како јас го сфатив секое милениче мора да се носи на подводник, освен во парковите предвидени за миленици.
Прво, секој парк, населба и маало немаат парк за миленици како на пример Козле. За да ги прошетам јас кучињата според новата одлука треба да одам до Капиштец бидејќи таму е најблискиот парк и мора да користам возило. И не е проблемот само во далечината. Не може во еден парк чија површина е смешна да бидат заедно разни раси на кучиња. Демек ако напаѓаат оние агресивните, нека биде тоа во паркот, јер нас не боли уво за вас кучкарите!А има и такви. Моите кучиња заедно тежат 15 кг, ама морам под присила да ги пуштам во парк од каде што излагаат ко од свињац,  со кучиња кои 15кг јадат за доручек! 

И што е со оние 3 метри простор на секоја куќа за миленик! Па вие сакате куќата на миленикот да биде по прописи, а издавате дозвола за градба на згради во населба предвидена за семејно домување. Во Козле нема 3 метри простор помеѓу куќите, јас треба да мислам каде да ја ставам куќичката? КОга ќе дојдете да го решите тој проблем може да разговараме за правила. Прво решете ја мојата безбедност, бидејќи цел комшилук дворовите ги претвори во бавчички, а колите ги паркираат на тротоар па кога се движиш пешки мора да користиш ретровизор!

И се додека по улица на пример шетаат слободно тешки наркомани со пемпеле од лудница дека им фали пола мозок, палат или малтретираат, не ме ограничувај временски кога смеам јас пудлата, што не ми се трга од нозе, да ја шетам! 
И да не го тупам, а богами ни вие, дај уште еднаш прегледајте си што се сте напишале и прилагодете се на реалноста!

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));