10.30.2013

Ехххх, тоa беа времиња!

Иначе ова со фабриките е од поново време! Пред 15 години памтам мајка ми од платата у Годел купи 3 стана и плац на Водно!
Порано фабриките беа со газди ко Вили Вонка. Одеа само една смена и тоа само 6 часа. Не се работело на норма и немало штетни материи!
Татко ми исто така презадоволен од Алумина замина пред 15 год во иностранство, за да ги научи тамошните газди како треба. Било прекрасно тука!

Памтам едно прекрасно попладне како мајка ми ќе изгинеше во сообраќајка на пат од Тетово за Скопје. Ех тоа беа прекрасни времиња, не ко денес!
Татко ми пресреќен што 10г придонеси од платата земени не биле уплаќани во пензиско замина у бел свет да го пренесе искуството!Тоа е школо!
Среќен затоа што така знаеше дека финансира во иднината на синот на својот директор, а не ко денес не знаеш кај ти идат придонесите!
п.с. За разните толкувачи: саркастична сум!

Во фабриките тогаш никој не умираше, затоа што немаше кој да напише! Весниците беа слободни медиуми и новинарите работеа без притисок!
Ние со брат ми најмногу се радувавме што мајка ми од Скопје ја испратија да работи во Тетово! И платата од 5000 ден на 3000 ден и ја зголемија! Плачевме од радост и среќа што знаевме дека со тие пари директорот на мама си купи Марцедес.
Кога некој ќе рече „солзи радосници“ јас веднаш се врачам во тоа време и ми текнува кога ситег и роневме дека на мама платата и каснеше само 6 месеци.
Како пишувам ми навираат сеќавања на деновите кога не ги гледавме ниту едниот ниту другиот родител, ама тогаш се знаеше за што се отсутни! Со тие пари јас и брат ми се школувавме во најдобрите маалски училишта па после средно не запишаа во Кирил и Методиј.
Не школуваа ама пари остануваа и за одмори. Не носеа на монденски места како Ливадиште и Пештани летно време, а цело зимо викедните ги поминувавме во Градски парк или на Водно ако имаме среќа да запали 101-от.
Немаше стресови, немаше грижи.

п.с. За разните толкувачи: саркастична сум!

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));