6.10.2013

Неправедна казна!

Многу одамна престанав да го користам јавниот превоз. Можеби затоа што имав избор, но повеќе затоа што никогаш не сум го сакал. Денес повеќе пешачам и обврските ги завршувам без да користам превозно средство.
Но ете, по некоја случајност, решив да го користам автобусот за да стигнам од Козле до Ново Лисиче.

Најблиската автобуска каде поминува автобус за релацијата која ми беше потребна е онаа кај студентскиот дом Гоце Делчев.
Се качив, купив картичка и ја поништив на апаратчето. Ми рекоа не смеам да стојам ако има слободно место, а бидејќи беше двокатен, единствените слободни седишта беа на  вториот кат. Почекав автобусот да застане за да се качам по скалите.
На постојката кај Млин балкан влезе внатрешна контрола. Ја отворив чантата за да го најдам билетот. Но не сум го ставила таму, па почнав да брцам по џебови, па да барам во косата која ја носев.  Не мора да пишам за срамот бидејќи, ај што бев најстара, туку испадна дека сум била и најсмотана од сите патници во автобусот.

Контролорот ми вика дека ќе ми пише казна ако не го покажам билетот. Културно го замолив да биде трпелив бидејќи тука е, но не можам да го најдам. Но тој веќе ја напиша казната и ми побара пари. Бидејќи без двајца, станаа и ме опколија околу седиштето, што беше непотребно бидејќи немав намера ниту да бегам ниту да се тепам.
Нормално кога видов дека нема да излезам на крај со нив,  си го отворив паричникот и му дадов 1000 денари за да ја наплати казната за која ми рече дека е 300 денари. Чекајќи да ми го вратат кусурот, продолжив да барам во кесата и ете, го најдов.

Наместо 08.06.2013, контролорот останал во април месец!

Му го дадов билетот, се извинив што не можев веднаш да го најдам и му реков сега дека нема потреба од казна затоа што моето возење си го платив.
Но не сакаше да ми ги врати парите, туку ми ја даде казната и кусурот од 700 денари, правдајќи се дека ме чекале да го најдам и изгубиле време!

И си реков, во понеделник ќе се јавам во ЈСП и ќе се пожалам, прво за безобразните и, слободно можам да кажам, неписмени контролори и нивното однесување, а потоа и за тоа што ми земаа 300 наместо 200 денари колку што чини казната и на крај затоа што не ми ги вратија парите иако го најдов билетот!

Поништениот билет

И денес се јавив и се пожалив. На кратко ја раскажав случката и ми рекоа дека треба да појдам во Автокоманда и да напишам изјава. И ќе одам, иако патот до таму ќе ме чини повеќе отколку неправедната казна, бидејќи однесувањето на контролорите беше непростливо. Она јас што го кажав, вработената на линијата за поплаки ми го потврди: дека нивните контролори се дрски и некултурни!
Иако не можев да го најдам веднаш билетот, казната требаше да ја поништат. Не ми го запишаа името, но затоа успеаа да го згрешат датумот дури 2 месеци. Наместо 200 денари казна, ми наплатија 300. А за однесувањето, не сакам ни да зборам! 


Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Елена Петковска, автор на блогот Моја мисла, мое право. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на 

Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));