5.27.2012

Патот до ѕвездите

„Не можам, а да не сонувам“- велеше секогаш кога и беше тешко.
„Соништата се мојот пат до ѕвездите. Патувањето трае долго, но пристигнувањето е бесценет момент. Секогаш кога ќе ги затворам очите, јас сонувам. Не бегам, не се кријам, само сакам да видам како е на другата страна.“
И навистина, таа никогаш не бегаше од невремето. Не се криеше под првата стреа. Немаше страв од ладните капки, кои ја натопуваа до гола кожа.
Одамна научи да танцува на звукот кој доаѓаше од старите олуци. И во тие, бесмислени, ноти наоѓаше музика.
Ќе ги склопи тие крупни очи од кои се излева радост во розова боја, ќе ги рашири рацете и ќе ужива во мигот. Ги врти дланките, а дождовните капки се лизгаат по нив како децата кои играат во паркот под нејзината зграда.
Нежни, привлечни движења во хармонија со телото.

5.16.2012

Борба

Сонцето е зајдено, а месечината ја нема да изгрее. Не трепкаат ни ѕвездите.
А сите спијат, не гледаат дека е мрак. Ниту уличните светилки не можат да ја добијат борбата со темнината. Нема автомобили, не се слуша лаежот на кучињата скитници, ја нема ниту песната на птиците.
Ветрот е скриен зад старите липови гранки.Не го разнесуваат повеќе тој сладок мирис.
Нема звук, не се чуствува мирис.
Времето застана.
Заедно стоиме и се гледаме, подготвени за крвава борба.

5.12.2012

Не издржа срце јуначко

Не можев да издржам.Си ја разработив тастатурата, но очигледно дека 140 карактери на Твитер не можат да ја совладаат мојата мисла, односно, не можам со толку малку букви во целост да се искажам.
По читањето на ефтината колумна на госпожа Ива, решив да си се доискажам на мој терен без ограничувања.
Хит е мостот кај Холидеј Ин.
Се обидував да го прескокнам, бидејќи има поиновативни луѓе од мене, а скоро сите може да се најдат на Твитер.Затоа ги следам.
Но нема да се занимавам со мостот.Тие веќе го направија тоа.
По изјавата на  #ЈаснаТрагачевска ( појма немам која е) ми се стемни.
Си кажав што си кажав на Твитер, но еве поопширно: зашто!

5.10.2012

Колку да се напише!

Периодов немав некоја инспирација од актуелните теми за да пишувам. Повеќе читав и уште помалку коментирав.
Сите некако ми се фатија за истата работа. Сите си ги изнесоа ставовите, анонимци коментираа, па се препукуваа.
Знаете што се се случуваше, да не набројувам.
Од дневно- политички настани, до како да фатиш дечко.
Нема да се занимавам со политиката, ама затоа ќе си го искористам сопствениот простор да им кажам на сите оние млади девојчиња ( се уште не се ни девојки) кога ќе пишуваат за жените и нивните постапки кои тие не можат да ги сфатат, нека напоменат колку години имаат.

5.09.2012

Виножитото на месечината

Сина светлина. Сјај во мирната вода, рефлексија на шаренило од бои. Отсликано виножито кое ти го краде погледот. 
Мирното ветре само потсетува дека животот е тука. Мали бранови удираат во босите нозе.
Песокот е се` уште врел, сонцето само што зајде. Со скрстени раце на колената, таа седи. И годи топлина од ситните зрна.
Маѓепсана од сликата пред неа, со длабок поглед во темната вода, размислува!
Ги гледа боите кои ги испраќа месечевата светлина. Ја потсетуваат на шарена ливада со прекрасни цвеќиња.
Истите бои се и на оваа водена површина.
Секоја боја и носи по еден спомен. 
Минатото е  во секоја нијанса.



fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));