4.29.2012

Боите на мојата љубов

Три бои од првиот момент.
Едната го бои кафето, а другата мирисот кој го викна мојот поглед.

4.25.2012

Недоживеани спомени

Ги отварам очите.Ги затварам. Клепкам неколку пати и дозволувам светлината да навлезе во зеницата.
Се трудам да сфатам каде сум, со кого и каде одам.
Пред мене има некој, слушам два гласа, но не можам да се сетам од каде ги познавм.
Се вртам лево.Летаат размачкани, зелени површини.Се движам брзо, затоа само така прелетуваат.Тешко ми е да го фокусирам погледот. Мислам дека ќе полетаме. По некое време почнува да ми се разбиструва.

4.14.2012

Пат. Патење. Патување

Сивило. Мирис на асфалт. Горештината прави огледало врз оваа леплива маса. Ги упива сончевите зраци и испушта неподнослива топлина. Гори. Нозете се тешки и уморни, а овој невидлив оган ги гори. И онака тешко и тромаво го движат истрошеното тело на една млада душа.
Зар сонцето да и задава толку тешкотија?
Со секој чекор, црниот под пропаѓа Стапка по стапка, остануваат зад неа како спомен на таа мизерија. Потсетник дека веќе и обичниот `од е неподнослив. Крик на `рбетот! Не може повеќе. Вришти од болка, но на ликот нема знак дека мачно е тоа движење. Нешто си мисли. Сигурно нешто убаво си мисли. Инаку како би издржала!

4.13.2012

Црно!

Жртва сме на желбата за инстант осуда.
Патиме од лекомисленост.
Со секоја немил настан го менуваме размислувањето и стандардите.
Сакаме сега,во истиот миг некој кривец и да си ја олесниме душата.
Оставки,осуди,кривци!
Дали некој мисли на жртвите и нивните блиски? Сакате изјави, да ги видите како тажат, плачат?
Сите сакаат да истакнат како не ни чини државата, полицијата е неажурна ,министерката неспособна.
Сите сакаат денес да докажат како биле во право за се што мислеле и збореле.
Денес сите сте паметни.
Почекајте малку.Замолчете! 
За казни ќе има време.
Но времето на четири деца и еден татко вчера заврши.
Верници и неверници денес треба да се помолат.
Нема да осудувам само со една информација. Нема да барам кривец, ниту оставки. Нема да одам да протестирам ниту марширам.
Денес плачев и ќе плачам за пет животи кои згаснаа.
Денес ќе жалам!

4.03.2012

Цвеќе наместо скинати гаќи!

Овие денови по весниците и македонските веб портали не преплавија со наслови и информации за новите закони кои би требало да почнат да функционираат.
Од закон за даночење на агресивни и егзотични, домашни миленичиња до забрана за сушење на алишта на балконите и прозорите.
Иако на повеќето не им се допаѓаат ваквите закони, и многумина сметаат дека  тие се носат само за да се полни буџетот, јас ги поддржувам.
Еве и зошто.

4.02.2012

Замок

Мојата душа е замок. Телото ми го кријат ѕидини. Дебели, тешки камени блокови. Не ги гледаш, но некогаш ги чуствуваш.
Не можеш да ги срушиш. Немаш сила да ги прескокнеш.
Моите ѕидини се непобедливи, неуништливи. Никој, никогаш нема да влезе, ако јас не дозволам.
fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));