3.16.2012

Ми се мува мува околу лустер! (рекреативно мување-спорт)

Постојат неколку зборови кои многу ме иритираат. Посебно кога се употребуваат во контекст кој нема никаква врска со нивното значење.
„Види ја колава, каква перверзија.
„Уууу, малава е страва!“
„Ја секад носам смкнати фармерки, никад не сакам да ставам каиш.“

„Абе, се смувавте?“ Е овој последниов ај што ми прави веѓопад, туку не можам да му го разберам значењето.
И после долго мачење, размислување, споделување на ставови, разговори и дебати, јас сеуште не ја сфатив суштината на тоа мување.
Ако ме прашаш мене, одма ме асоцира на некој што се мува пред банкомат и чека на некој да му падне некоја иљадарка и да ја собере.
Или некој ми се мува пред куќа, и чека да излезам за да влезе и да ми ја дрпне касичката.
Најди некој друг за мување, ја имам сабја под перница!

Ама мување, како збор кој објаснува некаква врска меѓу момче и девојче (истополови врски не вклучувам во објаснувањето, комплицирани ми се) не можам да го разберам.
Не сум многу стара, ама па и не сум недозреана за некои работи да неможам да ги разберам.
И јас имав тинејџерски денови, и во моите денови на први симпатии и дечковци не се споменуваше мување.
Или ти е дечко или не ти е.
Сте се бациле, дечко ти е.
Не сте се бациле, не ти е дечко.
Толку е едноставно.
Но денес, мувањето е хит.Тоа ти било, денес се мувате, утре не се познавате. Или се мувате, ама без обрски.Си имате врски, ама се мувате да разбиете монотонија, или сте скарани со партнерот, па си пополнувате време.
Првото ти е забава за една вечер, што сигурно подразбира и секс, а ова  другово ти е класичен швалерај.
Најверојатно ова им звучи посимпатично или побезболно, па си го крстиле вака.
Поделба во полови околу мувањето нема, бидејќи гледам сите го практикуваат еднакво.
Мажите велат, несакам обврски, жените тоа го одобруваат со надеж дека нешто ќе променат во тој став.
Пробав да гуглам да видам да не има некоја сторија поврзана со оваа „проблематика“, ама налетав само на некои форуми за невини тинејџерки, кои се страшно забавно четиво ако имате вишок време и нерви и на еден текст кој нуди некакви правила за мување.
Не проблем свиѓањето и  мувањето. Проблем е паметот!

За мене мување не постои. Не ги прифаќам тие комунистички измишњотини слични на онаа за бракот ( бракот го измислиле комунистите за да можат да „водат љубов“ без пари).
Па уште и правила!
Ќе се гледаме мене кога ќе ми текне, кога ќе ми се присака, кога девојка ми/ дечко ми е на работа. А ако решиме да излеземе ќе одиме во Патишка река, или Истибања, таму никој не не познава.Нема да се држиме за рака, нога или за џебови. Мазење, допирање, па и разменување погледи во јавност, јок.
Ќе се мазиме кај мене во подрум, или во канцеларија во сабота сабајле, ако успеам да го украдам клучот од шефот.
Ако не ти се јавам во наредните 36 часа, од нас ништо не бидува.
Ама сите тие експерти за мување ги гледам за десет години, ќелави или здебелени, збрчкани и недепилирани како некој помлад/а од нив ќе ги смува и ќе им ги наметне сите правила кои тие ги измислиле.
Ќе шетате кучиња и ќе чувате мачки, со надеж дека комшијата ќе ви се равика што ви летнала кесата кај него во двор, за да можете да отворите уста и да направите муабет, па макар бил и карање.
И ќе ја лајкнете фан страната на ФБ!!!
Не комплицирајте нешто што е толку едноставно како љубовта.
Не измислувајте нови правила на игра, зошто ако не се свестите ќе изгубите во 90 како Баерн од Манчестер во финалето на Лига на Шампионите во `99.
Пенали во оваа игра не се дозволени.(ако за пример ги земеме Милан и Ливерпул)
Затоа или љубов, здрава врска, изграден однос, заедничко планирање или мачки.
Одлучете се!
Текстот не е лекториран!

No comments:

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));