2.13.2012

Лошата страна на снегот!

Неможам секогаш да стигнам да прочитам се, и затоа е добро кога си имате „инспирација“( си се знае!).
И така текстот стигна на мојот скајп.
Си седам на топло, парно + клима, музика, нешто  чоколадно и си пишувам.Термо чорапчиња, розева наметка, наречена мојот најдобар пријател, „Парис Хилтон“ во Карпош. Надвор, зима, која ме пикна дома  и ме чека со метла пред врата, во случај да посакам да излезам.
Но што е со оние кои ги немаат моите услови.Немаат каде да спијат, нешто топло за да ги згрее, да каснат за да имаат енергија која ќе им помогне да преживеат уште еден ден.Тие живеат од ден за ден, а јас си го планирам летниот одмор.Каква иронија.
Но животот не бил со сите пријател.

Несоница!

Сцена од еден филм!



***


Ноќ. Бела темнина...
Виулица, снегулки, прекрасна романтична ноќ.
Но некоја болка  не ми дозволува да спијам.
Таа е во мојата мисла, но почнува да станува физичка. Ја чуствувам како поминува низ секој дел од телотот. Ја чуствувам во крвта. Како  пулсира, ми го сече стомакот, го заразува умот. Не се поднесува...толку е силна. Зарем може  толку да  боли, а никој да не ве повреди.Физичка повреда.
Станувам... нема никаква логика да се обидувам да спијам, кога сонот е толку далеку.
Веќе со месеци го нема.  Или доаѓа премногу доцна- кога сите живеат, јас спијам.
Така морам, можам, но и полесно е .
Нема да добивам прашања, констатации, совети.

2.11.2012

St. Valentine

Секоја година, некој ден пред 14 февруари паника меѓу девојките, а некогаш и момците.
Католички празник, кој се почесто го практикуваат младите од сите вери.
Интересно, бидејќи и ние во православната вера, имаме таков ден кој е посветен на љубовта, верата и надежта.Можеби приказната не е така романтична како онаа на 
St. Valentine, а сепак ја слави љубовта.

2.08.2012

Освежи си го паметењето!

Прашање: Дали некој знае да ми каже дали досега се случило Албанец да протестира против изградба на џамија?
Прашање: Дали некогаш Албанците  се побуниле против изградба на џамија за да не се „провоцираат“ Македонците?
Прашање: Дали некогаш Македонец излегол да протестира против изградба на црква?
Прашање: Дали Македонец некогаш кажал дека не сака да се градат цркви за да има „мир“?

2.01.2012

Спомен!



Спомен на минатото, гледиште за вчера.Бубалка, како гостин, со едно искрено парче од својата душа.

fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));