9.19.2011

Нашата игра-пример за светот



Сите земји ,како и луѓето имаат свој пол,а нашата е од изразито женски род.Токму силната женска природа е заслужна за нашата плодност.Дајте и само семе и поттик и таа,со мајчинска грижа и со пожртвуваност,на начин што и е својствен само нејзе,ќе одгледува и негува восхитувачки плодови.Секое семе знае кога дошол мигот да из`рти.


Дојде мигот.Дојде славата, гордоста,победата.


Се чу крик.Но не од болка.Крик на магија ја пресече тишината на Македонија.


Викнаа сите.Пееја заедно.Позитивен домино ефект на 25.713 km² површина.


Без медал,а сепак победници.


Не застанавме на скалата на успехот,но станавме шампиони.


Светот е восхитен од нас.Од желбата,снагата,духот.Покажавме срце,љубов,фер игра.Ја покажавме големината која долго е негирана и потиснувана.


Ни беше потребна оваа победа.Сите заедно да навиваме,пееме,да се молиме,да 
плачеме.Сите како едно.Македонија цела.


Новинарите низ Европа,а богами и светот пишуваа за нас: „Непобедлива фаланга“, „Македонците гинат за своите навивачи“, „Какви лавовски срца“, „Македонците се од некоја друга димензија. За да ги победите треба добро да се намачите“


Но ние тоа го знаеме.А сега и го можеме.Големи сме,непобедливи,бестрашни.


Прва голема победа за Македонија,но мојот оптимизам вели не последна и не ретка.Ќе бидеме повторно во центарот на универзумот.


Целата еуфорија која не зафати не беше само за успехот во спортот.Песните кои се пееја не беа само за победата.Радоста не беше само за кошарката.


Овие момци,јаки снаги, успеаа да не соединат,да не обединат,да не воскреснат.


Затоа оваа победа е поголема и помоќна.


Ни ги наполнија срцата.Бран на топли прегратки,искрени поздрави,гласови на радост и среќа.
Нема поубаво чуство од  успех и победа.Победа над нас самите.


Успех кој не` не прави суетни, себични и самозадоволни.Ова е успех  кој е скромен,толерантен,љубезен.


Ја сакам својата земја.Но сега уште повеќе.


Македонија на Македонците. 
fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));