2.08.2011

Узурпирани тротоари


Иако се преземаат сите потребни мерки за намалување на сообраќајниот метеж и се обезбедуваат нови паркинг места, сепак сликата покажува дека хаосот се уште постои.
Паркинг местата зјаат празни, а автомобилите се паркирани таму кај што најмалку им е местото.
Па така несовесните возачи за да бидат поблиску до своето работно место или пак до пазарот  своите возила ги оставаат на улица, но најчесто на тротоарите.
Ригорозните казни не ги плашат возачите, кои безмилосно го ставаат во опасност животот на пешаците и го оневозможуваат нормалниот проток на сообраќајот.
Најголема опасност им прети на најмладит , кои беаз родителска придружба не би смееле да се движат.
Затоа апелирам до сите возачи да ги паркираат своите возила на местата кои се предвидени за тоа.Со таа постапка се поштедуваат себе си од казна, но и што е најважно, пешаците можат да се движат безбедно.
Има  многу нови паркинг места,кои се бесплатни.
Користете ги нив.
fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));